На подрачјето на Центар полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги вчера го уапсиле Д.П.(27) од Скопје, по кого била распишана централна потерница за издржување затворска казна.

Д.П. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната за извршени кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога, оружје и разбојништво – соопштија од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.