На подрачјето на град Скопје по извршена акција во соработка со Основното јавно обвинителство од Кавадарци во магацин во населбата Бутел пронајдени и одземени се 12 палети во кои имало 1 тон и 240 килорами марихуана.
Таа била спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреки исполнети со наркотична дрога марихуана.
Лишено од слобода е едно лице и против кого поднесена е соодветна кривична пријава.
Истрагата се уште е во тек со цел утврдување и откривање на други лица кои биле инволвирани во случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.