На 18 септември овој месец во Кривичниот суд ќе бидат пуштени бомбите што ги поседува СЈО за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Во тие бомби, како што соопшти судијата Огнен Ставрев на денешното рочиште, има и интимни и приватни разговори. Судијата додаде дека ќе треба да се направи селекција на разговорите, односно точно да се знае во кој дел од разговорите јавноста треба да биде исклучена.
Во доказниот материјал за случајот „Монструм“ има вкупно 38.000 прислушувани разговори и СМС-пораки. Во содржината на разговорите имало и вулгарности, а неизвесно е дали до 18 септември ќе биде направена селекција, односно ќе бидат обележани деловите од разговорите кои јавноста не треба да ги чуе.
Токму бомбите, односно прислушуваните разговори беа новите докази поради кои овој предмет од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал беше предаден во рацете на СЈО. На овие докази чека целата јавност, а и родителите на убиените момчиња. Сведок во оваа постапка треба да биде и премиерот Зоран Заев, кој ги предаде прислушуваните разговори во СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.