Девојки навозраст од 20 и 17 години од тетовско Копанце се повредени денеска околу 17. 45 часот, при превртување на возилото со кое се превезувале на автопатот Тетово-Скопје информираат од СВР Тетово.
-На автоптатот во близина на Желино, атар на Сараќино, патничко возило опел корса со кое се превезувале две женски лица на 17 и 20 години од Копанце изгубило контрола по што се превртело на другата коловозна лента. Со возило на итната помош поради телесните повреди двете се однесени во Тетовската клиничка болница. Таму се задржани за лекарска опсервација, информираат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.