Во раните утрински часови, денеска на паркинг во близина на граничниот премин „Богородица“ од страна на полициски службеници биле пронајдени пет мигранти од Сирија, на возраст од 20 до 30 години, соопштија од СВР Струмица.

Утрово во 5:00 часот, службеници од Полициската станица во Гевгелија, во приколка од товарно возило со српски регистарски ознаки, кое било пронајдено на паркинг на бензинска пумпа во влизина на ГП Богородица, пронашле пет мигранти од Сирија, на возраст од 20 до 30 години. Мигрантите се предадени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, се вели во соопштението од СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.