Вчера во еден од базените во Катлановска бања било пронајдено безживотно тело на починато лице, соопшти полицијата.
„На 31 март 2021 околу 10.20 часот во Полициската станица Петровец било пријавено дека било пронајдено починато лице во еден од базените во Катлановска бања,“ се вели во полициското соопштение.
Извршен е увид на местото, а екипа на Итна медициска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, додаваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.