Од страна на оперативен тим за потраги во СВР Скопје синоќа во 22.55 часот во станбен комплекс на подрачјето на Аеродром е лишен од слобода А.Р. (37) од Скопје, врз основа на издадена наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од 11 години и 11 месеци вв чл.215 ст.1 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
За него била распишана централна потерница за доиздржување затворска казна од уште 7 години и 9 месеци.
А.Р. бил предаден во Полициска станица Кисела Вода од каде ќе биде спроведен во казнено-поправната установа – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.