Дваесетгодишно момче од скопско Драчево доцна попладнево ја убил својата 66 годишна баба. Убиецот сам се пријавил во полиција.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, дежурен јавен обвинител раководи со увидот на лице место каде што било пронајдено безживотно тело.
Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата – се наведува во соопштението на ОЈО.
По наредба на јавниот обвинител во моментов се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.