Внук на шеесет и седумгодишна жителка од Струмица и негов пријател вчера го спречиле А.К. (28) од село Бориево да изврши полови дејствија врз струмичанката, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Имено, вчера околу 23: 30 часот струмичанката пријавила дека додека била во својот дом дошол А.К. и се обидел да ја силува. Таа по телефон го повикала нејзиниот внук Б.Д. од село Мокрино, кој заедно со Ѓ.Н. физички го нападнале А.К. со тврд предмет.

Синоќа околу 01: 40 часот на подрачјето на Ново Село полициски службеници го лишиле од слобода А.К. заради основано сомневање за сторено кривично дело силување казниво по член 186, став 5 од Кривичниот законик.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.