Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, за мерката за неносење маски за лице како заштита од Ковид-19, полицијата казнила 8 лица.

Иако мерката за носење на заштитна маска на отворено е укината, останува препораката за носење на маска кога лицата се во поголема група. Исто така, останува на важност мерката за задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Во полицискиот билтен, речиси секојдневно се регистрирани вакви прекршоци, и од полицијата апелираат граѓаните да обрнат внимание на протоколите за носење заштитни маските.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.