Измамници склучуваат договори за купување автомобили, но потоа бегаат од продавачите за да не им ги дадат остатокот од парите. Ваквите договори начесто се склучуваат во сабота, а купениот автомобил веднаш се препродава. МВР предупредува за ваква измамничка шема, но и тоа дека ваквите измами се зачестени.
Измамници склучуваат нотарски договори без да му платат на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист, соопштија од МВР и ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи и внимателни и да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите во полн износ.
Од МВР потврдуваат дека се водат истраги за расчистување на веќе пријавени измами со недоплатена купопродажба на автомобили.
Главно станува збор за купопродажба кога за да се избегне плаќање на данок за целосна сума, договорите се прават на помала сума, состојба која измамничките синџири вешто ја користат за да заработат нелегално.
Ваквите договори се заверуваат на нотар во сабота или преку викенд, а автомобилот веднаш се препродава на друг купувач преку друг дополнителен нотарски договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.