Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека ни МВР не можело повеќе да крие дека во акцијата за заплена на дрога, предводена од американската ДЕА, се уапсени членови и блиски соработници на кланот Заев и власта.

Како што посочуваат, тоа се потврдува со фактот дека меѓу приведените во акцијата се и личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, како и командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски.

Кланот Заеви прерасна во картел Заеви и тоа го потврди МВР.

 

По цел ден молк, МВР на Спасовски призна дека во текот на акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, уапсен бил личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев.

 

Личниот шофер на Заеви Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици.

 

Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви. Братучедите на Зоран Заев, Трајче и Вице – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека по овие апсења, братучедите Заеви мора да бидат испитани колку и што знаат за овој нарко криминал кој го прекина американската ДЕА.

Исто така треба да одговорат дали Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев е во Македонија или избегал во Дубаи?

 

Криминалот на власта излегува на виделина. Ништо веќе не може да го сокрие сојузот на власта и криминалот – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.