Вчера во 11.05 часот во Полициската станица Ресен, од Здравствен дом Ресен било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, кај автокампот Крани, има починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека Ѓ.Д.(72) од Неготино околу 10.50 часот влегол во водите на Преспанското езеро, му се слошило и починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.