Вчера во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Марино-скопско, во дворот од семејната куќа на 22-годишниот Ј.Ј., додека истиот бил во друштво на уште пет други лица и организирале апсолвентска прослава, неговиот сосед 65-годишниот Т.Ѓ. започнал вербална расправија, по што заедно со 47-годишниот Б.Л. , влегле во дворот и со метален предмет му се заканувале на него и на гостите поради, како што е пријавено, наводно пуштање на гласна музика. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.