Поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, по кого МВР вчера распиша национална потерница, денеска напладне сам се пријавил во притворското одделение во Затворот Скопје во Шуто Оризари.

Информацијата за Канал 77 ја потврдил директорот на затворот, Есад Рахиќ.

Претходно, по Панчевски беше распишана национална потерница, откако по решение за притвор од велешкиот Основен суд, не беше пронајден од страна на полицијата.

Владимир Панчевски, кој од функцијата судија беше разрешен во декември 2019 година, е обвинет за манипулација со АКМУС системот за судењата на СЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.