Затвореници од затворот Идризово попладнево соопштија дека го прекинуваат штрајкот со глад откако по средба со директорот добиле уверување за средба со владата на која ќе ги претстават своите барања.
Семејствата на затворениците го откажаа и за утре најавениот протест пред владата. Затворениците бараат амнестија и за нив како и за 27-ми април, да се преиначат доживотните затворски казни во определени временски казни, ревизија на сите судски процеси за кои сметаат дека се монтирани и европско регулирање на статусот на затворениците од странство. Штрајкот со глад, затворениците го почнаа во понеделник незадоволни што за 27-ми април политичарите подготвија амнестија за своите колеги. Штрајкот се одвиваше без поголеми проблеми, а од попладнево е прекинат поради најавена средба со премиерот и претставници на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.