На територијата на целата држава во изминатата ноќ евидентирано е дека 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Како што соопшти МВР, во текот на вчерашниот ден во целата држава на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.