Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од ковид-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата, соопшти министерот за внатрашни работи Наќе Чулев и додаде дека од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 24.155 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 361 прекршоци во изминатото деноноќие.
Чулев информираше и дека во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 115 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 522 лица им се издадени решенија за изолација, а 7 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.
Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала, порача министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.