Вишото јавно обвинителство не се согласува Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“, да оди во домашен притвор, односно оттаму дале негативно мислење на неговото барање за укинување на притворот и замена за поблага мерка. Оваа информација за „Фокус“ ја потврдија од Обвинителството, од каде што велат дека мислењето до судот било доставено во петокот.
Имајќи го во предвид негативното мислење од обвинителството, но и барањето на Јовановски, денеска зад затворени врати Апелациониот суд треба да расправа и да донесе одлука.
Боки 13 вчера е вратен во истражниот затвор во Шутка, откако неколку дена беше на лекување во болницата „8-ми Септември“.
Судењето за „Рекет“ треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.