Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Р.Хрватска, во голема акција за сузбивање на трговијата со фалсификувана и недоволно квалитетна храна и пијалоци, откри вино од Македонија, Италија и Чиле.

Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020“ поддржана од 83 земји, хрватската инспекција изврши контрола на вкупно 275 субјекти на етикетирање на вино и силни алкохолни пијалоци, пласирани на пазарот, објави хрватскиот Државен инспекторат.

Како што е наведено, откриено е дека пет контролирани субјекти ја имаат злоупотребено употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Македонија (едно вино), Италија (два вина) и Чиле (два вина).

Акцијата OPSON беше поддржана од Европската канцеларија за борба против измами (OЛАФ), Европската комисија и Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EУИПО).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.