Министерството за внатрешни работи информира дека неговите службеници во акциските контроли низ државата санкционирале над 1.000 возачи, додека на подрачјето на Куманово 180.

Како што најави портпаролот на МВР Тони Ангеловски од Куманово, во овој период полицијата ќе продолжи да ги санкционира оние кои возат пребрзо и кои се главна причина за тешки сообраќајни незгоди.

Во изминатите денови, поточно во саботата и неделата имаме засилени акциски контроли на територијата на целата држава и има 1.069 санкции за пребрзо возење. На територијата на СВР Куманово во овие два дена имаме 181 санкција за пребрзо возење – информира Ангеловски.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи, како што нагласи, на тој начин се придонесува за безбедноста на учесниците во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.