Министерството за внатрешни работи објави видео од акцијата на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции во локал во тетовско.

Превземени се мерки и активности на територија на СВР Тетово и утврдено е дека работи угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, а биле затекнати и 18 женски лица (15 од странство- Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ , Латвија и три од Македонија), кои работеле како танчерки и придружнички на гости, а три женски лица од странство биле затекнати во собите од мотелот.

Странските државјанки се приведени и предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ Север за понатамошно постапување. При претресот кај А.А. (30) е пронајден и пиштол, кој е одземен за понатамошна постапка, а А.А. е приведен. Во објектот биле затекнати 49 гости и седум вработени во угостителскиот објект и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непочитување на Одлуката на Владата за рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти заради заштита на населението од Ковид 19, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.