Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(34), од струшкото село Радолишта.

Како што соопштија од МВР, обвинетиот на 19.09.2020 година, на улицата „ЈНА” во Струга, откако забележал полициски службеници кои вршеле службени дејства, не го сопрел возилото и побегнал кон село Радолишта.

При преглед на возилото кое го оставил во селото, полициски службеници пронашле марихуана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.