Ветерот го урнал авионот „цесна“ кај Солунска глава на Јакупица. Истражните органи не сакаат да коментираат ниту за претпоставките, но премиерот Заев самиот соопшти. Виновен е ветрот што дувал над Солунска глава праќајќи го во смрт четиричленото семејство од Бугарија.

Премиерот денеска додаде и дека телефонски му изразил сочувство на неговиот бугарски колега Бојко Борисов, и рече дека најверојатно денеска ќе бидат транспортирани телата на загинатите од семејство Бошнакови во Софија.

Инаку, од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти велат дека образложение за тоа поради што и како се урнал авионот ќе има дури за 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.