Едно лице е повредено во верижен судир кој утринава се случил на булеварот „Кочо Рацин“.

Од МВР потврдуваат дека несреќата е пријавена кај нив околу 8 часот, а во истата учествувале четири автомобили и еден мотор.
Во верижниот судир учествувале четири патнички возила, Шевролет Калос, Опел Корса и Хјундаи сите со скопски регистерски ознаки и автомобил Хјундаи со кочански регистерски ознаки и еден мотоцикл, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.