Дете е тешко повредено во несреќата што се случи вчера околу 12.30 часот на ул.„Диме Димески“ во Прилеп.
Како што соопшти МВР, велосипед управуван од засега непознат возач удрил во малолетен пешак од Прилеп, по што го напуштил местотото на настанот.
Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.