25-годишен велосипедист вчера удрил во 65-годишна жена откако се спуштал по локалниот пат Милениумски крст – Средно Водно.

Вчера во 13,30 часот на локалниот пат Милениумски крст – Средно Водно, Д.Г. (25) од Скопје управувајќи велосипед “трек“ удрил во пешакот Б.Ф. Ш.(65) од Скопје. Б.Ф.Ш. со возило на итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники Мајка Тереза, каде што и биле констатирани тешки телесни повреди, а велосипедистот Д.Г. со друго возило бил пренесен во Градска општа болница „Свети НаумОхридски“ – Скопје каде по укажана лекарска помош биле констатирани телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.