Вчера 10.30 часот на локалниот пат град Скопје-Милениумски крст Водно, во близина на детското одморалиште, А.С.(26) од с.Виничани, градско, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

А.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.