Вчера во СВР Скопје, Б.М.(41) од Скопје пријавил дека во понеделникот навечер околу 23:45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен на подрачје на Центар, почувствувал болка во рамото, по што помош побарал во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
При укажаната лекарска помош од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.