Едно лице починало од здобиените повреди во сообраќајна несреќа што се случила во гостиварското село Чајле.
Според информациите на СВР Тетово, синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Гостивар-Чегране автомобил „ауди“ со гостиварски ознаки удрил во О.О. (72) од Чајле кој се возел со велосипед. При ударот, велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во гостиварската општа болница. Заради тежината повредите тој бил препратен на скопските клиники каде околу 22:30 починал.
Возачот на „аудито“ Ј.И. (23) е задржан во полициска станица, а екипа на ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.