Обвинителката во случајот „27 април” го праша пратеникот Никола Мицевски за текот на конститутивната седница. Таа посебно се интересираше дали тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски, можел да го исклучи од збор пратеникот од Беса, Зекирија Ибраими, кој на говорница ја пееше албанската химна.

Мицевски одговори дека тоа не е можно.

Процедуралното обраќање или предност пред редовното. Претседавачот Вељановски немаше можност да го исклучи микрофонот на пратеникот. Тоа можеше да го направат собраниските служби од друго место. Таквата можност претседател на Собранието да исклучи микрофон на пратеник беше овозможена неколку години подоцна, објасни Мицевски.

Зекирија Ибраими, кој на говорница ја пееше албанската химна


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.