Велешанката А.С (29) која од вчера попладне се оддалечила од нејзиниот дом и по која трагаше нејзиното семејство утрово околу 9,30 беше пронајдена од полицијата по непознат телефонски повик од жена, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Девојката била извадена од провалија со помош на пожарникарите, кои го расчистувале патот и ја извлекувале. Од медицинската екипа на Брза помош на лице место и дало прва помош, а потоа итно била пренесена во велешката Општа болница.

Таа денеска беше во Хирушкото одделение при велешката болница во добра и стабилна состојба вон животна опасност.

Според најновата информација за МИА, од портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Весна Неделковска Николова таа е во стабилна и вон животна опасност, но по направената компјутерска томографија доцна попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото – политрауматски повреди: скршеница на вратни прешлени, на клучна коска и на карлица и затоа тимот на лекари од Хирушкото одделение донел одлука попладнево во 17,30 часот со возило на Итна помош од велешката болница девојката да биде пренесена на понатамошно лекување во Клиниката за трауматологија во Скопје.

Лекарите велат дека била пронајдена смрзната по ладната ноќ ,а изјавила дека ја плашело завивањето на шакалите во нејзина близина.

Како што информира за МИА портаролот на ЈЗУ Општа Болнива Велес д-р Весна Неделковска Николова со девојката по пронаоѓањето денеска во велешката болница разговарал и психијатар, а на кој девојката му изјавила дека само била премрзната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.