СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Г.(31) и К.Г.(32), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 02.03.2022 првопријавената С.Г., по претходен договор, преку карго пошта, во пакет заедно со други продукти му испратила хероин на нејзиниот сопруг, второпријавениот К.Г., кој бил на издржување казна затвор во Казнено-поправен дом Штип, а при извршен преглед од вработени во затворот хероинот бил откриен и одземен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.