Велешанка на возраст од 85 години пред три дена била најдена мртва во својот стан на улица „Христо Татарчев“ во Велес, соопшти МВР.

Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје.

Обдукцијата на жената ќе утврди од што починала и дали била заразена со новиот вирус ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.