Вчера попладне било пријавено дека на регионалниот пат Богомила – Стари Град пред крстосницата за с. Мартолци, патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (44) од Велес излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Т.Б. (42) и биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.