На 19.09.2020 полициски службеници од СВР Велес го уапсиле М.С.(55) од Велес, поради сомнение дека извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес.

Нападната, околу 11 часот го пријавила случајот во Полициска станица Велес.

Како што соопштуваат од полицијата, М.С. е задржан за понатамошна постапка, а за настанот е запознаен Јавен обвинител.

Увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчитување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.