Ноќва во 01:00 часот на ул.„8 Септември“ во Велес бил лишен од слобода 56-годишниот велешанец Б.Ќ., бидејќи се обидел да предизвика пожар во казино.

Тој бил спречен од полициски службеници додека се обидувал да опожари дел од инвентарот во казиното, по што бил приведен во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.