На 01.05.2020 во 12:35 часот било пријавено дека во Прилеп, во руинирана куќа на ул.„Кузман Јосифовски-Питу“, бил пронајден починат И.С.(36) од Велес.
Од страна на лекар била констатирана смрт, без траги на насилство.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.