37-годишен велешанец е приведен поради сомнение дека превезувал мигранти. Според билтенот на МВР вчеравечер во 20,00 часот на автопатот помеѓу двата тунели во правец од Гевгелија кон Демир Капија, од страна на полициски службеници било запрено товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.К.. Од страна на полициски службеници возачот бил приведен. Во непосредна близина на возилото биле пронајдени 24 лица илегални мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.