Триесет и шестгодишен велешанец паднал од цреша, поради што се здобил со фрактури на ребра.

Портпаролот на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова, за МИА информира дека попладнево околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.