Жителите од Преспанскиот регион и полицијата веќе една недела трагаат по 27-годишниот Ислам Лумани од селото Крани, кој исчезна на 21 март и оттогаш нема никакви информации за него.

Покрај семејството на Лумани, апел за помош испрати и градоначалникот Живко Гошаревски, кој побара секој што мисли дека го видел и препознал да пријави во полиција.

Полициските служби од полициската станица-Ресен, специјални полициски единици, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникарните, ренџерските служби и локалното население активно учествуваат во потрагата на Ислам Лумани од село Крани. Се до овој момент, нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро или неговото крајбрежје. Истрагата продолжува понатаму, а секој оној што го видел или некаде го препознал Ислам Лумани, да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192 – вели Гошаревски

Како што соопштија од семејството, Лумани домот го напуштил на 21 март во 10 часот наутро, а бил обчелен во сини пантолони, црно палто и црни чевли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.