Голема драма, која за среќа не се претворила во трагедија, се случила вечерва во скопската населба Ново Лисиче, дознава Курир.
Аптека на улицата „Февруарски поход“ е ограбена под закана со оружје.
Пред да затворат со смената, вработените биле нападнати, а потоа и ограбени.
Очевидец раскажува дека сцената била страшна. Вооружениот грабеж се случил веднаш до маалско кафуле и кладилница, објекти кои биле полни со луѓе во тој момент.
Грабежот се случил околу 22 часот, а полицијата во моментов е на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.