Машко лице со пиштол ограбило спортска обложувалница лоцирана кај старата последна автобуска станица на линијата 41, во скопско Драчево. Инцидентот се случил вечерва околу 19:30 часот, а според извори на „360 степени“, крадецот, со закана од огнено оружје над вработена во обложувалницата одзел 60.000 денари од касата.

Разбојникот носел марама на лицето и по грабежот избегал во непознат правец. Полицијата трага по него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.