Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 21 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатна рампа Градско.

Сообраќајката е на место каде се изведуваат градежни работи на автопатот. Возило удрило во столб за пренасочување на сообраќајот поставен поради градежни работи на автопатот. Нема повредени, аувидот е во тек, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.