Нови три лица од тетовско-гостиварскиот регион со решенија за изолација поради ковид-19 или контакт со заболен, ја напуштија земјата.
Како што соопшти МВР, во периодот од 10.00 до 20.00 часот вчера, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар извршиле контрола на лица на лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Притоа, било констатирано дека Ш.Д.(48) од гостиварски Сенокос, Х.А.(25) од Дебреше и Л.Ј.(33) од Дебреше не се придржувале на решенијата, односно ја напуштиле државата. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидата поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.