Во текот на вчерашниот ден две тепачки помеѓу браќа биле пријавени во полиција.

Прво, во 16.30 часот во Полициско одделение Ростуше Џ.З.(54) од с.Присојница пријавил дека околу 16.20 часот во селото, поточно на место викано ,,Асановци“, пред куќата каде што живее со неговиот брат Ќ.З., поради нарушени семејни односи и несогласувања, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на која што претходела вербална расправија.

Ноќва, пак во 03.10 часот во Полициска станица Гостивар, Т.Б.(51) од с.Чегране пријавил дека околу 17.30 часот во дворот на неговата куќа, дошол неговиот брат Ф.Б. и поради финансиски недоразбирања физички го нападнал.

Како што соопшти МВР, и во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, при што ќе следат и соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.