Нетрпеливоста меѓу луѓето или стресниот период кој произлезе од коронавирусот, го зголеми бројот на физички пресметки. Мажи вчера се тепале пред коперација, пред зграда или дома, но и на улица, жена пак во Гостивар физички нападнала две девојки.
Билтенот на МВР за вчера бележи зголемен број на физички пресметки во Крива Паланка каде браќа со тупаници решавале проблеми, а во село Русиново пред продавница двајца делчевци со тројца помлади од нив мештани си ги „одмериле силите“ со тупаници.
Во Чаир пак, според полицијата, пред зграда, дваесет и двегодишно момче било нападнато со остар предмет, а на паркинг во Аеродром пред кафеана имало тепачка меѓу еден средовечен маж со двајца помлади.
Саботните тепачки не го заобиколија ниту Прилеп каде маж пријавил дека во близина на аптека ем го натепале ем го ограбиле.
Мажи вчера се тепале и во Битола и Врапчиште, а жените во Гостивар, но вчерашниот ден е заокружен со вооружена престрелка на Бит Пазар каде е повреден 48 годишен маж во кого пукале негови познаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.