Двесте и десет лица добиле решенија за изолација, а седуммина потпишале изјави за самоизолација во последните 24 часа во земјава, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие 38 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Регистрирани се 81 прекршок за неносење лична заштита на лицето.

Полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.