Поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кој беше суспендиран и разрешен од Судскиот совет, пред истекот на законскиот рок поднел две жалби – потврдија за Нова извори од Советот.

Тој барал да се преиспита и одлуката за суспендирање, иако според извори во Советот нема право на тоа. Со оваа одлука, Вангеловски беше времено оддалечен од вршење на судиската функција и од функцијата претседател на суд, со што практично му беше забрането и да влезе во зградата на Судот.

За жалбата која ја поднел во однос на одлуката за разрешување, таа ќе биде доставена до Врховниот суд кој треба да формира комисија составена од тројца судии од Врховен, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија.

Доколку се прифати жалбата на Вангеловски, случајот повторно ќе се врати во Судскиот совет, кој одново ќе одлучува за негово разрешување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.