И во Битола вчера пазарните инспектори забележале непочитување на здравствените протоколи за заштита од Ковид 19.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски вели дека во еден од објелктите се правело забава, што е прекршување на здравствените протоколи по член 205 и 206, а инспекторите кои направија записник за настанот, за овој случај ќе поднесат кривична пријава која во рок од три дена се доставува до обвинителството.

Пазарите инспектори утврдиле и дека друг угостителски објект го пречекорил работното време за кој ќе има прекршочни мерки.

Во Битола има активни 76 случаи на заболени од Ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.